Аријан Адеми влезе во историјата на Динамо Загреб

пред 3 години

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми влезе во историјата на Динамо Загреб. Синоќа тој го одигра 77 натпревар за „модрите“ во европските купови. Динамо, во Ротердам, со победата 2:0 избори пласман во нокаут-фазата во Лига Европа. „Чест ми е што сум рекордерот на Динамо во европските натпреварувања. Немам време за одмор. Следува Славен Белупо, па ЦСКА Москва и потоа дербито со Риека. Тежок распоред. Мораме добро да се подготвиме. Оваа сезона во Лига Европа немаме примено гол, што да кажам тоа е неверојатно“, рекол капитенот на Днамо. Адеми, на вечната листа зад себе ги остави Бразилецот Самир (76) и Милан Бадељ (52). Аријан Адеми, првиот меч во европските купови за Динамо го одиграл во 2010 година, против Шериф.

Share
Scroll to Top