Армани го скрши Зенит во последниот период и го претрка на табелата

Армани го скрши Зенит во последниот период и го претрка на табелата

пред 3 години

Армани Милано по 22 кола одиграни во кошаркарската Евролига е на третата позиција благодарение на вечерашниот триумф во Италија против руски Зенит со 82-76.

Иако во три четвртини од мечот гостите од Русија имаа предност на мечот, во последниот период домашните предводени од Пантер, Родригез и Хејнс стигнаа до 15-тиот сезонски триумф и се веднаш зад московска ЦСКА која има победа повеќе.

Најпрецизен на мечот беше Кевин Пантер со 14, пред Серхио Родригез со 13 поени и Кајл Хејн со 12 поени.

Кај Зенит се истакнаа Колинс и Пангос со по 12 поени.

Share
Scroll to Top