Арнаутовиќ: Не им се плашам на Киелини и Бонучи, сакаме повеќе од осминафинале

Арнаутовиќ: Не им се плашам на Киелини и Бонучи, сакаме повеќе од осминафинале

пред 3 години

Контроверзниот австриски фудбалски напаѓач, Марко Арнаутовиќ пред утрешниот втор осминафинален дуел на ЕП од 21 часот меѓу Италија и Австрија (првиот е Велс-Данска од 18 часот) во изјава за „Скај спортс Италија“ вели дека неговата селекција нема да се задоволи само со пласман меѓу 16-те најдобри на првенството.

„Не ме загрижува тоа што Италија е во серија од 11 натпревари без примен гол. Ние знаеме да играме фудбал и ќе се сретнеме со силна екипа од светска класа. Имаат фантастичен менаџер како Манчини, а статистиката покажува дека се неверојатен тим. Сепак, тука се само 90 минути и кој ќе победи ќе оди понатаму. За да успееш не треба да се плашиш, затоа и јас не се плашам од Киелини и Бонучи. Долго време играат заедно, „дишат“ како едно“. Можеби Киелини нема да игра, но тука е Ачерби, кој исто така е одличен фудбалер. Но, како што кажав не се плашам, дојдовме до осминафиналето сакаме и повеќе од тоа“ рече Арнаутовиќ.

Share
Scroll to Top