Арнолд во 91.минута спречи нов кикс на Ливерпул

Арнолд во 91.минута спречи нов кикс на Ливерпул

пред 4 години

Фудбалерите на Ливерпул забележаа драмтична победа над Астон Вила 2.1, во 31.коло. „Црвените“ ја прекинаа серијата од осум натпревари, на кои немаа победа на „Енфилд“.

Победникот во Ливерпул го реши Трент Александр-Арнолд, кој во 91.минутуа испрати вистински прокетил кон голот на Мартинез кој ја погоди целта.

Претходно, Астон Вила, имаа предност со голот на Воткинс во 43.минута. Во втората минута од судиското надополнување на времето, во првиот дел, поради милиметарски офсајд ВАР го поништи голот на Фирмино.

Ливерпул израмни во 57.минута преку Салах. Египќанецот го постигна 19.гол оваа сезона во Премиер лигата.

Најдобрата шанса за Астон Вила во вториот дел ја имаше Трезеге кога дирекото го спаси Алисон.

Share
Scroll to Top