Англискиот репрезентативец Трент Александар-Арнолд ги разочара навивачите на Ливерпул минатото лето, кога по освојувањето на Премиер лигата и истекот на договорот, реши да го напушти клубот каде што се прослави и да се пресели во Реал Мадрид.
Се очекуваше Реал да добие огромно засилување на позицијата десен бек, но Шпанија не „му легна“ за Англичанецот.
Честите повреди и лошата форма, придонесоа тој да настапи на само 11 натпревари оваа сезона.
Шпанскиот „Ел Насионал“ тврди дека ситуацијата ја „достигнала критична точка“ и дека привремениот тренер на Мадрид, Алваро Арбелоа, му рекол на Трент дека не е во неговите планови.
Главните забелешки се несигурноста во одбраната и фактот дека не ги покажал очекуваните перформанси од него во офанзивата.
Ова беше познато за дефанзивецот уште пред да дојде во Реал, тоа е неговата главна маана, па затоа е неверојатно што го забележале тоа во „кралскиот клуб“ дури сега и дека Арбелоа морал да реагира на ваков начин.
Во Реал наводно веруваат дека понатамошниот престој само би го продолжил проблемот, па затоа е сè поизвесно дека Трент ќе го напушти Реал на крајот од оваа сезона.
За 27-годишниот бек, сето ова доаѓа во чувствителен момент, бидејќи тој се стреми да го задржи своето место во репрезентацијата на Англија пред Светското првенство. Конкуренцијата за неговата позиција е жестока, па останува да се види што ќе одлучи тренерот Томас Тухел.
Се шпекулира за враќање во Премиер лигата, а секако Ливерпул се споменува како главна опција, кој сигурно би бил среќен да го врати.
Утрово во Шпанија и Германија се пишува дека Баерн подготвува понуда за него.
Трент е под договор со Реал до 30 јуни 2031 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 70.000.000 евра.
Foto/ depositphotos






