Арсенал го договориле трансферот на Онана

Арсенал го договориле трансферот на Онана

пред 3 години

Арсенал го договориле трансферот на голманот на Ајакс, Андре Онана. Камерунецот е суспендиран од УЕФА поради користење на допинг.

Англиските медиуми објавија дека 25-годишниот голман постигнал договор со Арсенал и тој деновиве ќе го потише договорот. Во кариерата за Ајакс тој одиграл 204 натпревари.

Онана, поради користење на недозволени супстанци се наоѓа под едногодишна суспензија, која му истекува во февруари наредната година.

Постои можност суспензијата да му биде укината. Утре тој својата одбрана треба да ја изложи пред Судот за спортска арбитража.

Камерунецот тврди дека по грешка зел лек кој и бил препишан на неговата сопруга.

Медиумите шпекулираат дека доколку му биде укината суспензијата на Онана, тогаш Арсенал во летниот преоден рок ќе го продаде германскиот голман Бернд Лено.

Share
Scroll to Top