Арсенал го сака во тимот „џелатот“ на Тотенхем

Арсенал го сака во тимот „џелатот“ на Тотенхем

пред 4 години

Мислав Оршиќ, фудбалер на Динамо Загреб и репрезентацијата на Хрватска, би можел да се пресели во Арсенал. Трансферот го најавуваат англиските медуми.

Оршиќ (29), вниманието на европските клубови го привлече со одличните настапи во Лига Европа. Напаѓачот блескаше против Тотенхем, со хет-трик, му обезбеди на Динамо пласман во четврт-финалето.

Микел Артета, имал намера во летниот преоден рок, да го засили својот тим на крилните позиции. Во Арсенал не биле задоволни од Вилијан и Николас Пепе.

За услугите на Оршиќ, во зимскиот преоден рок, интерес покажуваа од ВБА.

Share
Scroll to Top