Месут Езил е непожелен во Арсенал. Менаџерот Милел Артета тоа му го покажа и со својот последнен потег.
Арсенал не го пројави Езил за натпреварите во Лига Европа, а претпладнево англиските медиуми објавија дека Артета, најмалку до јануари, го пречкртал и за натпреварите во Премиер лигата.
Поранешниот германски репрезентативец има право на настап само во ФА и Лига купот, меѓутоа каков е неговите статус кај Артета тешко е да се верува дека ќе добие шанса да се појави на теренот.
Езил е играчот со најголема плата во Арсенал. Според договорот тој неделно заработува 350.000 фунти, дел од платата тој издвојува за платата на клупската маскота. На ваков чекор се реши откако клубот имае намера да ја отпушти маскотата, наречена „ганерсаурос“.