Астон Вила најави тужба против Џејми Карагер

Астон Вила најави тужба против Џејми Карагер

пред 3 часа

Откако изјави дека Унаи Емери треба да ја напушти Астон Вила и да го преземе Манчестер Јунајтед, Џејми Карагер влезе во жестока расправија со навивачите на клубот од Бирмингем.

Синоќа, поранешниот капитен на Ливерпул доби одговорот од клубот:

„Астон Вила ќе покрене судска постапка против Џејми Карагер поради неприфатливите навреди што ги упати кон нашиот клуб и нашите навивачи.

Астон Вила нема да дозволи никој да го запре нашиот подем во англискиот и европскиот фудбал“, се наведува во кратката порака потпишана од претседателот на клубот, Насер Саурис.

Навивачите на Астон Вила се налутија од ставот на Карагер дека Емери треба да се пресели во клуб каде што може да ја „нападне“ Лигата на шампионите.

Тој исто така рече дека Вила никогаш нема да биде Јунајтед, со „сочна“ пцовка и заклучи дека навивачите треба да замолчат.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top