Астон Вила официјално ги потврди трансферите на Матео Руџиери и Зајон Сузуки. Италијанскиот дефанзивец дојде од Атлетико Мадрид за 25 милиони евра, плус 1,5 милиони евра бонуси, додека јапонскиот голман, кој беше на работ на трансфер во Пари Сен Жермен, пристигнува од Парма за 30 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси.
Руџери (24) доаѓа на „Вила Парк“ по само една сезона во Атлетико, со идеја да го замени Лука Дињ, кој се врати во ПСЖ.
Потпишувањето на 23-годишниот јапонски репрезентативец Зајон Сузуки ги поттикна шпекулациите за иднината на Емилијано Мартинез, кој беше на излезна врата и минатот лето.
Во последните два дена се шпекулираше дека Тотенхем би можеле да испрата понуда за аргентинскиот голман, кој има уште три години од договорот со Астон Вила.
Руџери и Сузуки се шестото и седмото засилување на Астон Вила ова лето, по пристигнувањето на десниот бек Арон Ван Бисака од Вест Хем, играчите од средниот ред Јохан Манзамби и Жоао Гомеш, крилниот напаѓач на Челзи, Алехандро Гарначо.
Foto/ Depositphotos






