АС: Нејмар ќе го продолжи договорот со ПСЖ

АС: Нејмар ќе го продолжи договорот со ПСЖ

пред 4 години

Нејмар планира да потпише нов договор со ПСЖ, што значи дека невозможно е тој да се врати во Барселона, тврди шпанскиот весник „АС“.

Бразилецот од Барселона во ПСЖ се пресели во 2017 година за рекордна сума од 222.000.000 евра. Во летниот преоден рок, во 2018 година, Барселона сакаше да го врати на „Ноу Камп“, но клубовите не можеа да го договорат обесштетувањето.

Нејмар сакал и понатаму неговата плата да изнесува 30.000.000 евра, а ПСЖ веруваат дека тој ќе се согласи да игра и за 5.000.000 евра помалку од она што го бара.

Овој извор тврди дека Нејмар наскоро ќе го продолжи договорот кој му истекува во 2022 година.

Share
Scroll to Top