Избраниците на тренерот Гасперини покрај тоа што играат одлично во Серија А, со успех напредуваат и во Купот на Италија. Тимот на Аталанта вечерва со 3-1 славеше триумф против Калјари и обезбеди четвртфинале во ова натпреварување.
Прогресот во следната фаза за екипата од Бергамо е благодарение на погодоците на Миранчук во 43, Муриел во 61 и Сутало во 64 минута.
Единствениот погодок за гостинската екипа го постигна Сотил, во 55 минута, тогаш за 1-1.
Аталанта во четвртфиналето на Купот ќе го чека подобриот од дуелот Парма – Лацио.