Аталанта е втора во Италија по „торпедирањето“ на Болоња

Аталанта е втора во Италија по „торпедирањето“ на Болоња

пред 3 години

Аталанта од Бергамо се искачи на второто место во Серија А пред „моќните“ Милан и Јувентус, откако со 5:0 го декласираше тимот на Болоња во вечерниот меч од 33. коло на италијанскиот шампионат.

„Ла деа“ продолжува да биде инспиративната фудбалска приказна за сите таканаречени „мали“ клубови, откако последните неколку сезони покажува како се гради еден фудбалски проект со релативно мали средства.

До 20-тата победа во 33 кола во Италија, Аталанта стигна многу лесно. Во првото полувреме Руслан Малиновски ја продолжи голгетерската низа во 22. минута, пред во последните минути, Луис Муриел да биде сигурен од белата точка за 2:0. Ремо Фројлер во 57. минута зголеми на 3:0, пред Малиновски да му асистира на Дуван Запата само две минути подоцна за високи 4:0. Замената Алексеј Миранчук во 73. минута само ја зголеми мизеријата на тимот на Синиша Михајловиќ.

Аталанта сега има 68 поени на второто место на табелата, далечини 11 зад Интер, но и два поени пред Милан (со натпревар помалку) и Јувентус (со ист број на натпревари). Болоња пак, и покрај поразот изгледа сигурна за опстанок на 12. место со 38 поени.

Share
Scroll to Top