Аталанта победи на Сардинија, Фиорентина падна на „Луиџи Ферарис“

Аталанта победи на Сардинија, Фиорентина падна на „Луиџи Ферарис“

пред 3 години

Аталанта забележа драматична победа на Сардинија над Каљари, а Сампдорија ја победи Фиорентина, во 22.коло во Серија А.

Каљари, направи уште еден чекор наназад в борбата за опстанок во Серија А. Екипата на Еузебио Ди Франческо, не успеа да се спаси пртив Аталната, иако до 92.минута имаше 0:0.

Луис Мјуриел, во втората минута од судиското надополнување на времето, успеа да ја обезбеди победата.

Аталанта стигна до 40 бод, колку што имаат Лацио и Наполи, но овие два тима имаат натпревар помалку. Каљари се наоѓаат на 18 место, со само 15 бодови.

Ветарано Фабио Кваљареала и ја обезбеди 10.победа сезонава на Сампдорија, со својот гол 71.минута Претходно домашниот тим имаше предност со голот на Балде во 31.минута, а шест минути подоцна израмни српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.

Сампдорија на 10. место со 30 бода, осум повеќе од 16.пласираната Фиорентина.

Share
Scroll to Top