Атланта од -26 до брејк во Филаделфија

Атланта од -26 до брејк во Филаделфија

пред 3 години

Кошаркарите на Атланта Хокс поведоа во серијата со Филаделфија 3:2. Третта победа во оваа серија Хокс ја забележаа на теренот на противникот со 109:106. Апсолутен херој на Хокс беше Тре Јанг кој постигна 39 поени.

Атлната, во Филаделфија, направија неверојатен пресврт, за нов брејк во оваа полу-финална серија. Хокс губеа 46 и пол минути, во третиот период имаа минус од 26 поени, но сепак успеаја да победат.

Предводени од Тре Јанг, Хокс, последната четвртина ја добија со 40:19. На крајот бекот на Атланта имаше 39 поени и седум асистенции.Покрај Јанг, кај Хокс се истакнаа Џон Колинс со 19 поени и 11 скокови, односно Данило Галинари со 16 поени.

Филаделфија ја предводеше Џоел Ембид со 37 поени и 13 скокови.



Share
Scroll to Top