Атлетико го претстави Аксел Витсел

Атлетико го претстави Аксел Витсел

пред 2 години

Искусниот Белгиец, Аксел Витсел (33) е нов играч на Атлетио Мадрид. Витсел пристигна на „Метрополитано“ како слободен играч откако му истече договорот со Борусија Дортмунд.

Атлетико и Витсел договорија едногодишна соработка, со можност таа да биде продолжена на уште една сезона.

Витсел има одиграно повеќе од 600 натпревари во кариерата настапувајќи за Стандард Лиеж, Бенфика, Зенит, Тијанџин и Борусија.

Членот на „златната генерација“ на Белгија, за националниот тим има одиграно 124 натпревари.

Неговата природна позиција е централен играч за врска, но добро се снаоѓа и како офанзивен играч за врска на десното крило.

Во Атлетико дојде на местото на Ектор Ерера кој се пресели во МЛС лигата.

Share
Scroll to Top