Атлетико за Феликс бара 140 милиони евра

Атлетико за Феликс бара 140 милиони евра

пред 1 година

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, од Катар порача дека е фокусиран само на Светското првенство и додаде дека не размислува каде ќе ја продолжи кариерата.

За шпанските медиуми, Португалецот, реагираше на изјавата на извршниот директор на Атлетико, Хил Марин, кој во вторникот изјави дека португалскиот фудбалер не сака да остане во клубот.

„Јас сум целосно фокусиран на Светското првенство. Мојот менаџер не ми кажува ништо за тоа што се случува, ниту пак тој сака да го направи тоа. Морам да останам фокусиран и да играм одлично”, изјави Жоао Феликс.

Пред нешто повеќе од три години Атлетико го донесе португалскиот фудбалер од Бенфика за 127 милиони евра, а според шпанските медиуми, Атлетико за Жоао Феликс ќе бара помеѓу 130 и 140 милиони евра.

Интерес за португалскиот фудбалер покажаа Пари Сен Жермен, Челзи, Баерн и Арсенал.

Жоао Феликс (23) е член на Атлетико од 2019 година, а за мадридскиот клуб одигра 129 натпревари и постигна 33 гола.

Во моментов е со репрезентацијата на Португалија на Светското првенство во Катар.

Португалија во сабота во четвртфиналето ќе игра против Мароко. За репрезентацијата погоди четири пати на 27 натпревари.

Share
Scroll to Top