Атлетски скандал – олимписки шампион е суспендиран поради допинг

Атлетски скандал – олимписки шампион е суспендиран поради допинг

пред 3 години

Актуелниот олимписки шампион во фрлање кладиво, Таџикистанецот Дилшод Назаров е суспендиран на две години поради користење допинг.

Веста за суспензијата на Назаров ја соопшти денеска Единицата за атлетски интегритет.

Тој нема да може да го брани златото на ОИ кои ова лето треба да се одржат во Токио, Јапонија иако суспензијата ќе му се смета од септември 2019 година кога привремено бил суспендиран откако тестирањата покажале дека користел стероид „туринабол“.

Резултатите на Назаров од август 2011 до август 2013 година се поништени, па така тој остана без златниот медал на азиското првенство од 2013 година.

На Светското првенство во 2015 година Назаров освои сребро.

Олимпискиот медал од 2016 година засега е единственото најсјајно одличје за неговата земја од независноста.

Share
Scroll to Top