АТП во војна со Ѓоковиќ: Ќе направиме сè да ги сопреме ПТПА

АТП во војна со Ѓоковиќ: Ќе направиме сè да ги сопреме ПТПА

пред 3 години

Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), ветуваат дека ќе направат сè што во нивна можност да ја стопираат ПТПА организацијата на Новак Ѓоковиќ во обидот да се „подели и фрагментира тенисот“.

Машкиот тенис во последно време има доста политички ривалства, откако Ѓоковиќ заедно со Васек Поспишил се откажаа од учество во Советот на играчи на АТП, и формираа паралелен синдикат на тенисери, Асоцијацијата на професионални тенисери (ПТПА). Ѓоковиќ тврди дека има поддршка од 3/4 од тенисерите, но засега не успева да ги убеди АТП дека двете тела можат да коегзистираат.

По последните преговори, откако ПТПА објави соопштение во вторникот во кое најави дека бара „транспарентност и ферплеј“ во тенисот, АТП се јави со свое остро соопштение

„Заштитата на интересите на тенисерите е основна цел на АТП од формирањето како асоцијација на тенисери во 1972 година. Во 1990 година ова беше проширено преку формирањето на АТП турнејата, еднакво партнерство меѓу тенисерите и турнирите, со што тенисерите добија нешто што е уникатно – еднаков глас за секоја одлука на Турнејата. Денеска, менаџментот на АТП заедно со бордот и со советот на играчи, кои демократски се бираат, работат секојдневно на подобрувањето на состојбата. Ова го вклучува стратешкиот план кој има потенцијал да донесе 50-50 поделба на профитот, зголеми наградни фондови, бонуси за сите и целосна транспарентност. Со формирање на посебна асоцијација на играчи се прави само поделба и се фрагментира спортот, што е најголемата пречка за раст. АТП ќе ги активира сите механизми за заштита на своите членови, тенисерите и турнирите“, се вели во соопштението на АТП.

По формирањето на ПТПА минатата година, ривалите на Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер излегоа со поддршка на АТП турнејата, барајќи проблемите да се решаваат внатре во организацијата.

Share
Scroll to Top