Ацо Петровиќ со кампања за „спас“ на Цибона

Ацо Петровиќ со кампања за „спас“ на Цибона

пред 2 години

Александар Ацо Петровиќ, поранешниот кошаркар и тренер на загрепска Цибона ја предводи иницијативата за спас на славниот хрватски кошаркарски клуб, најавувајќи понеделничка прес-конференција со поранешниот судија на АБА-лигата, адвокатот Саша Павличиќ-Бекиќ.

„Емоциите не можат да ја спасат Цибона. Финансисите да. Ајде ние 2.000 кои сме финансиски способни да уплатиме по 5.000 евра и да го покриеме долгот на клубот и да имаме солиден буџет за следната година. Истите луѓе би го бирале собранието, управниот одбор, а потоа градот нека прави што сака“, напиша Петровиќ на Твитер за клубот за кој играа и тој и неговиот брат Дражен Петровиќ.

Загрепскиот градоначалник Томислав Томашевиќ исто така ја коментираше ситуацијата во која се најде клубот и изјави дека може да се помогне околу долгот на клубот, но дека нема да се прават отстапки околу користењето на салата на клубот. Сметката на Цибона е блокирана речиси два месеци, а на 21 јуни автоматски ќе се отвори стечајна постапка доколку не се најде решение за долговите.

Share
Scroll to Top