Ајакс го победи Феенорд и се одвои на врвот во Холандија

Ајакс го победи Феенорд и се одвои на врвот во Холандија

пред 4 години

Тинејџерот Рајан Гравенберх го постигна единствениот гол за Ајакс да стигне до 1:0 победа на лутото холандско дерби со Феенорд, за „копјаниците“ да се одвојат на три поени пред Витесе на првото место во Ередивизие.

Новото засилување за Ајакс, Себастиен Але му асистираше на 18-годишниот Холанѓанец за да се „разбие“ одбраната на гостите од Ротердам во 22. минута од мечот, по што изддржаа до крајот за важна победа.

По 17 кола, Ајакс има 41 поени на врвот на Ередивизие, следуваат Витесе (38), ПСВ Ајндховен (37) и Феенорд (35).

Share
Scroll to Top