Фудбалерите на Баерн Минхен го освоија германскиот Суперкуп наречен „Франц Бекенбауер“, откако во финалето славеа над Борусија во Дортмунд со 2:1 (2:0).
Натпреварот се играше на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, но дури ни тоа не ѝ помогна на Борусија да избегне уште еден пораз во дуелот против баварскиот гигант.
Екипата на Винсент Компани повторно демонстрираше поголем квалитет од својот голем ривал, иако „милионерите“ дадоа се од себе, особено во второто полувреме.
Во првиот дел Борусија се закани преку креациите на дебитантот Константинос Карецас, кој беше платен 35.000.000 евра.
Сепак, Серу Гираси и Самуеле Инасио не ги искористија неговите „топки со очи“ и набрзо Баерн го казни тоа.
Прво, Натаниел Браун искористи добро додавање и на своето деби за тимот од Минхен донесе водство.
Асистентот за првиот гол Михаел Олисе, постигна гол во судиското продолжение со мајсторски потег.
Дортмунд успеа да внесе неизвесност до крајот на натпреварот со голот на резервниот играч Фабио Силва, но Баерн го задржа водството до крајот.
Работата беше олесната во 90-та минута кога Бенсебаини доби директен црвен картон за остар старт врз Саибари, но завршницата донесе тотална драма.
Прво, Олисе истрча контранапад, но Белингам и Кобел го спречија во последен момент, а во следниот напад, Максимилијан Бајер, во ситуација „еден на еден“, од десет метри го префрли голот, па Баерн, со многу среќа, го освои првиот трофеј во сезоната.
Foto/ EPA






