Баерн заработи сериозна сума од трансферот на Зиркзе

Баерн заработи сериозна сума од трансферот на Зиркзе

пред 4 месеци

Џошуа Зиркзе се согласи да се пресели во Манчестер јунајтед и прашање на денови е кога ќе се официјализира соработката. Покрај неговиот актуелен клуб Болоња, од трансферот ќе профитира и Баерн Минхен.

Зиркзе влезе во сениорски фудбал во дресот на гигантот од Минхен, а потоа од Баерн се пресели во Болоња. Како дел од тој трансфер, Баерн, покрај сумата за холандскиот напаѓач, побара и процент од следната продажба, поточно 50 отсто.

Манчестер јунајтед ја плати цената што ја постави Болоња, нешто повеќе од 40 милиони евра, што значи дека Баерн ќе добие близу 21 милион евра за играч што го продаде пред две години во друг клуб.

Share
Scroll to Top