Баерн Минхен го договори трансферот на Конрад Лајмер

Баерн Минхен го договори трансферот на Конрад Лајмер

пред 2 години

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен и играчот за врска на Лајпциг, Конрад Лајмер, се договорија за трансфер за 2023 година.

Лајмер се уште е играч на Лајпциг, но бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната, тој ќе може слободно да избере нова средина на лето, а тоа ќе биде „Алијанц арена“ во Минхен.

Лајпциг направи сѐ за да го задржи. Му го понудиле и најбогатиот договор во историјата на клубот, но тој го одбил со желба да игра за Баерн Минхен.

Џулијан Нагелсман го посакува од минатата година и конечно ќе го добие на почетокот на новата сезона. Тие добро се познаваат од периодот кога соработуваа во Лајпциг.

Лајмер летово беше голема желба и на Ливерпул, но трансферот не се реализираше.

Share
Scroll to Top