Баерн на Реал, Ливерпул против европскиот првак

Баерн на Реал, Ливерпул против европскиот првак

пред 3 часа

Познати се сите парови од четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Првите четвртфинални натпревари се закажани за 7 и 8 април, реваншите на 14 и 15 април.

Спектакуларни дуели нè очекуваат во завршницата на Лигата на шампионите. Вистински европски класик е дуелот помеѓу Баерн и Реал Мадрид, двата клуба кои се сретнале најмногу пати во Лигата/Купот на шампионите. Баварците се шесткратни европски шампиони, Реал е апсолутен рекордер со 15 титули шампиони на Стариот континент.

Ливерпул, како и Баерн, шест пати беше шампион на Европа, а во четвртфиналето ќе игра против актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен, од кого беа елиминирани минатата сезона во осминафиналето по изведувањето на пенали.

Спортинг и Арсенал се единствениот пар кој беше познат во вторникот. И двата клуба никогаш не биле шампиони на Стариот континент (топџиите беа финалисти), исто како и Атлетико Мадрид, кој ќе игра против петкратниот шампион, Барселона, во четвртфиналето.

Двојки од четвртфиналето:

Спортинг Лисабон – Арсенал
Реал Мадрид – Баерн
Пари Сен Жермен – Ливерпул
Барселона – Атлетико Мадрид

Share
Scroll to Top