Баерн нема намера да и го продаде Лвендовски на Барселона

Баерн нема намера да и го продаде Лвендовски на Барселона

пред 2 години

Надежите на Барселона дека напаѓачките проблеми ќе ги реши со трансферот на Роберт Левандовски нема да се остварат. Баерн нема намера да го продаде напаѓачот дури и по цена тој во 2023 година да го напушти клубот без оштета.

Новинарот, Фабрицио Романо, оваа недела објави дека Барселона работи на трансферот на Левандовски и дека од февруари е во контакт со неговиот агент Пини Захави. Тој требаше да го убеди Баерн да прифати 40 милиони обесштетување, колку што Барселона е подготвена да плати за 33-годишниот играч пред последната сезона од неговиот договор.

„Левандовски за една година ќе го напушти Минхен како слободен играч“, пишува Мундо Депортиво.

Левандовски оваа сезона во Бундеслигата постигна 33 гола на 31 натпревар и јасно е дека Баерн не може да надомести таков напаѓач за 40 милиони, колку што нуди Барселона.

Share
Scroll to Top