Михаел Олисе е еден од најбараните фудбалери на пазарот. Интересот е голем и покрај тоа што тој има цврст договор со Баерн.
Се споменуваат вртоглави бројки, а претседателот на Надзорниот одбор на Баерн, Херберт Хајнер, зборуваше за сумата за која (можеби) би го продале францускиот репрезентативец.
Се споменуваат и бројки помеѓу 250 и 300 милиони евра, што би била рекордна продажба. Сепак, Хајнер даде интересен одговор.
„Дали би разгледале понуди од 250, 300 милиони евра? Ние не сме клуб што продава. Ние сме клуб што купува“, рече Хајнер.
Тој додаде дека очекува Олисе да остане на „Алијанц Арена“ долго време.
„Опуштени сме и сакаме Олисе да остане уште многу години“.
Оваа сезона Олисе постигна 12 гола и запиша седум асистенции на 15 натпревари во сите натпреварувања.
Foto/ Depositphotos






