Баерн не запира: Нов рекорд во Бундеслигата – 105 гола

Баерн не запира: Нов рекорд во Бундеслигата – 105 гола

пред 2 часа

Фудбалерите на Баерн се во убедлива победа над Сент Паули, кој го соборија рекордот во Бундеслигата од 101 гол во една сезона, стар повеќе од пет децении.

Новиот рекорд е 105 гола и може да биде само подобрен, бидејќи остануваат уште пет натпревари до крајот на сезоната во Бундеслигата.

Секако, и претходниот рекорд беше во сопственост на Баерн, од сезоната 1971/72, кој тогаш го постави славната генерација на Франц Бекенбауер предводена од „бомбардерот“ Герд Милер.

Сепак, оваа нова генерација, предводена од клупата од Венсан Компани, поставува нови стандарди. Треба да се каже дека на овој натпревар белгискиот тренер го одмори Хари Кејн, како и Колумбиецот Луис Дијаз, кој влезе во игра само во второто полувреме.

Дури и без Кејн, натпреварот на стадионот „Милернтор“ во Хамбург заврши со резултат 0:5 (0:1).

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top