Сезоната за Баерн заврши со дебакл. По 11 последователни титули, во Бундеслигата заврши на третото место, во Купот доживеа елиминација во осминафиналето од второлигашот Сарбрикен, а во Лигата на шампионите во полуфиналето од Реал.
Челниците на најтрофејниот германски клуб ги кројат плановите за летниот преоден рок. Тренерот Томас Тухел заминува, а според најтиражниот германски весник ќе го следат дури седум ѕвезди.
„Раководството на Баерн ќе започне чистка во соблекувалната веднаш штом ќе пристигне новиот тренер. На Баерн му треба реконструкцијан потребни му се десетици милиони за засилувања“, пишува „Билд“ и ги наведува седумте отпипани, чија вредност соред „Трансфермаркт“ изнесува на 340 милиони евра.
„Серж Гнабри (28 години) има договор до 2026 година, но тој е главен кандидат да биде продаден, бидејќи често е повреден. Поради повреда на мускулот, нема да игра на ЕП. Понатаму, тој игра премногу ретко во врвна форма. Но, Баерн ќе има голем проблем да се ослободи од него бидејќи Гнабри има плата од дури 20 милиони евра.
Кингсли Коман (27) е во многу слична ситуација како Гнабри. Пречесто се повредува и покажува премалку конзистентност. Тој има договор до 2027 година и е проценет на 65 милиони евра. Доколку Баерн успее да го продаде, би добил цело богатство.
Џошуа Кимих (29) е еден од најтешките карактери во соблекувалната. Прашање е што планира новиот тренер со него. Да биде десен бек или лидер во редот за врска? Зависи и од тоа што сака Кимих во иднина. Тој има договор до летото следната година и Баерн веднаш би го продал за да заработи нешто од него. Се шпекулира со сума од 40 милиони евра.
Леон Горецка (29) е лидер и е посветен на клубот. Но, Баерн сака свежа крв во средниот ред. Избор на клубот е Френки де Јонг.
Дајот Упамекано (25) по серијата лоши настапи сезонава заврши на клупата. Баерн е блиску до Тах од Леверкузен. Овој трансфер би можел да биде платен со парите од продажбата на Упамекано.
Алфонсо Дејвис (23) флертува со Реал, но неговите игри се се полоши. Баерн сака да му го продолжи договорот кој завршува во 2025 година, но Дејвис бара премногу пари. Затоа е многу веројатна разделба ова лето, но прашањето е дали Реал сè уште го сака?
Нусаир Мазрауи (26) беше толку често повреден што Баерн во зима го доведе Саша Бои (23) како скапа алтернатива. Се очекува да се врати и Јосип Станишиќ од позајмицата во Леверкузен, па Мазрауи е блиску до заминување“, пишува „Билд“.