Баерн „се лизна“ во Франкфурт, Мајнц изненади кај Борусија (М)

Баерн „се лизна“ во Франкфурт, Мајнц изненади кај Борусија (М)

пред 3 години

Дербито на колото во германската Бундеслига му припадна на Ајнтрахт Франкфурт. Тие на својот стадион со 2-1 славеа против лидерот на табелата, актуелниот шампион Баерн Минхен.

Петтиот триумф во низа за четата на тренерот Хутер беше најавена уште во 12 минута. Камада по нафрлувањето на Филип Костиќ погоди за 1-0.

Се играше 31 минута кога Јунес по асистенцијата на стрелецот Камада стрелаше неодбранливо кон голот на Мануел Ноер за 2-0.

Во второто полувреме Баерн се „разбуди“. Имаа Баварците свои шанси пред се преку Коман и Чупо Мотинг, а гол за гостите постигна Левандовски, во 53. минута, по асистенцијата на Сане.

До крајот немаше промена на резултатот.

Мајнц во Менхенгладбах го изненади домаќинот Борусија совладувајќи го со 2-1.

Онисиво беше стрелец на водечкиот гол за гостите во 10 минута.

Стиндл израмни во 26-тата. Победата на Мајнц ја донесе Стоџер во 86 минута за приклучок кон тимовите кои се борат за опстанок во лигата.

На останатите натпревари во истиот термин славеа гостинските екипи.

Штутгарт со 1-0 славеше кај Келн, додека Фрајбург на домашен терен со истиот резултат беше поразен од Унион Берлин.
Подоцна започнува мечот Шалке – Борусија Дортмунд.

Share
Scroll to Top