Баерн со играчи на Лајпциг и Борусија (М) го засилува тимот!

Баерн со играчи на Лајпциг и Борусија (М) го засилува тимот!

пред 3 години

Фудбалскиот шампион на Германија – Баерн Минхен денеска од 18 часот на „Алијанц арена“ ја пречекува екипата на Херта Берлин во третото коло во Бундеслигата. Баварците по 2 кола имаат 4 бода.

Како што се наближува крајот на преодниот рок, расте и неизвесноста околу тоа дали и кој играч тренерот Јулијан Нагелсман ќе го има како засилување на екипата.

Германските медиуми изминатиот период двајца фудбалери ги поврзуваа со преселба во Баерн – Марсел Сабицер од Лајпциг и Јонас Хофман од Борусија Менхенгладбах.

Со Сабицер преговорите се во напредна фаза, а отштетата која „биковите“ ќе ја добијат би била меѓу 12 и 13 милиони евра.

Австриецот е желба на Нагелсман затоа што го тренираше во Лајпциг.

Што се однесува за трансферот на Хофман, Нагелсман разговарал лично со него и наводно биле договорени личните услови – плата + бонуси.

За да го пуштат во Минхен, од клубот од Менхенгладбах бараат за него 20 милиони евра.

Share
Scroll to Top