Баерн со луд камбек против ПАО, Звезда без сили за подвиг во Мадрид

Баерн со луд камбек против ПАО, Звезда без сили за подвиг во Мадрид

пред 2 години

Баерн Минхен стигна до драматична 81:78 победа над Панатинаикос во 11. коло од Евролигата, додека Црвена звезда потфрли во второто полу време за да загуби со 79:68 на гости кај Реал Мадрид.

Панатинаикос водеше во поголемиот дел од мечот, и имаше 9 поени предност во последната четвртина, за Баерн да стигне до пресврт благодарение на тројката на Владимир Лучиќ на 29 секунди пред крајот.

Даран Хилијард имаше 20 поени и две асистенции за Баерн, додека Дешон Томас имаше 15. Кај гостите, Папапетру заврши со 17 поени.

Црвена звезда пак, имаше сили за само едно рамноправно полувреме со „кралскиот“ клуб, кој сега има 9-2 скор, додека Звезда паѓа на 4-7. Еди Таварес заврши со 15 поени, додека Винсен Поириеимаше 14 поени, додека кај Звезда, Холинс имаше 16 поени.

ЕВРОЛИГА, 11.КОЛО

Баерн Минхен – Панатинаикос 81:78 (22:22, 15:22, 22:16, 22:18)

Реал Мадрид – Црвена звезда 79:67 (16:13, 16:19, 25:14, 22:21)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top