Баи ќе остане на „Олд Трафорд“

Баи ќе остане на „Олд Трафорд“

пред 3 години

Ерик Баи и во однина ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“.

Баи, во Јунајтед пристигна во ерата на Жозе Мурињо од Виљареал.За пет години, не успеа да го покаже сиот свој потенцијал, поради честите повреди. Сепак, клубот реши да му го продолжи договорт кој му истекуваше по завршувањето на сезоната.

Според новиот договор, Баи ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2024 година.

„Во период од пет години продавав цигари и мобилни телефони низ улиците на Абиџан и играв во најголемиот клуб во светот. Животот е чудо! Кога ја примив првата плата, се сеќавам дека на сите во семејството им купив подароци. Навистина бев пресреќен“, рекол Баи.

Баи, поради честите повреди, за Манчестер јунајтед има одиграно само 62 натпревари.

Share
Scroll to Top