Марио Балотели се враќа во англискиот фудбал. 30-годишниот напаѓач, по завршувањето на сезоната, ја раскина соработката со Бреша. Во летниот преоден рок се поврзуваше со неколку екипи, но тој се уште е без клуб.
Англичаните тврдат дека тој се наоѓа пред трансфер во Барнсли, член на Чемпионшип дивизијата. Барнсли и менаџерот на Балотели, Мино Ракола, веќе ги започнале преговорите.
Барнсли бара играч што ќе ја подобри ефикасноста на тимот и ќе му помогне да го поправи пласманот на табелата. По 11 рунди во Чемпионшип, фудбалерите на Барнсли се наоѓаат на 16 место со само 13 поени.