Контроверзниот Марио Балотели сепак нема да ја продолжи кариерата во Бразил, тој како што тврди новинарот Џанлука Ди Марцио, ќе потпишр договор со Монца.
Монца е клуб чии соптвеник е поранешниот газда на Милан и поранешен премиер на Италија, Силвио Берлускони. Оваа сезона, Монца во Серија Б влезе со големи амбиции, пласман во елитната италијанска лига.
Ди Марцио објави дека Балотели, во текот на утрешниот ден, треба да ги мине лакрските прегледи, а потоа и да го потпише договорот.
Инаку, Балотели, изминатите две недели се поврзуваше со трансфер во бразилскиот великан Васко де Гама.