Абдулие Санјанг, познат како Бамба (26), десното крило на Хајдук, е блиску до заминување од „Пољуд“. Хајдук добил понуда од нешто помалку од 500.000 евра за негов трансфер, а таа пристигнала од Витебск, актуелниот шампион на Белорусија.
Како што пишува „Далматински портал“, Белорусите на Хајдук му нудат и дополнителни бонуси, како и 10 отсто од евентуалната идна продажба на играчот. Според „Трансфермаркт“, пазарната вредност на Бамба се проценува на 1,5 милиони евра.
Хајдук нема ништо против заминувањето на Бамба. Фудбалерот од Гамбија има договор со клубот до летото следната година, но е заинтересиран за трансфер во Витебск, бидејќи таму му се нуди тригодишен договор и повисока плата од онаа што моментално ја заработува во Сплит. Белорускиот клуб му дал рок од два дена на Хајдук да се изјасни за понудата.
Бамба во Хајдук пристигна во летото 2024 година од Гренобл за отштета од 600.000 евра. За сплитскиот клуб одигра 47 натпревари, постигна шест голови и запиша пет асистенции. Оваа сезона настапи на 20 натпревари, со учинок од три гола и три асистенции, но само на девет натпревари беше во почетниот состав.
За репрезентацијата на Гамбија има одиграно 22 натпревари.






