Барак: Не сфаќам зошто патуваме до Баку!

Барак: Не сфаќам зошто патуваме до Баку!

пред 3 години

Чешките фудбалери се подготвени за тешкиот меч против Данска во четврт-финалето на ЕУРО 2020, но Антонин Барак вели дека не сфаќа зошто мечот се игра во Баку во Азербејџан, толку далеку од срцето на Европа што нема да може да има многу навивачи на трибините.

Во Будимпешта во неделата, имаше над 7.000 чешки фанови при фантастичната 2:0 победа над Холандија, но патувањето до брегот на Каспиското Езеро ќе го направат многу помалку навивачи.

„Не го сфаќам тоа и уште не сум се помирил. Нема да можеме да ги донесеме фановите и семејствата таму. Да игравме во Копенхаген, Данците ќе беа дома, но барем ќе имаше и многу чешки фанови“, вели фудбалерот од средниот ред.

Во групната фаза, Чесите немаа многу навивачи, бидејќи мечевите се играа во Велика Британија, каде што имаше многу стриткни правила за влез поради пандемијата за КОВИД-19.

Share
Scroll to Top