Барга прва стигна до четвртфиналето во Лига Европа

Барга прва стигна до четвртфиналето во Лига Европа

пред 2 часа

Фудбалерите на Брага се првите учесници во четвртфиналето на Лига Европа.

Брага не само што го надомести дефицитот од два гола од првиот натпревар против Ференцварош, туку убедливо победи со 4:0.

По половина час игра, Брага веќе имаше сè во свои раце. Домашниот тим поведе во 11-та минута кога Рикардо Орта го постигна првиот гол.

Не поминаа ни четири минути кога, со голема среќа, Флоријан Грилиќ успеа да го постигне вториот гол.

Пау Виктор направи сè како што треба во 34-та минута, а Габри Мартинез ја круниса акцијата со гол за 3:0. Убедливата победа на Брага ја потврди во 53-та минута стрелецот на првиот гол, Орта.

Брага ќе игра со подобриот од двата натпревари помеѓу Панатинаикос и Бетис за место во полуфиналето. Панатинаикос победи со 1:0 во првиот натпревар.

Share
Scroll to Top