Барди: Не се чувствуваме како аутсајдери, ќе потврдиме колку вредиме како тим

Барди: Не се чувствуваме како аутсајдери, ќе потврдиме колку вредиме како тим

пред 3 години

Македонската репрезентација се наоѓа во Букурешт, каде што ги одработува последните подготовки пред настапот на Европското првенство.

Првиот натпревар избраниците на селекторот Игор Ангеловски го играат на 13. јуни против Австрија со почеток од 18:00 часот. Покрај овие две репрезентации, во Ц-групата, партиципираат Холандија и Украина.

Енис Барди, фудбалерот на шпански Леванте се чувстува одлично по десет дневната изолација и вели дека тој и неговите соиграчи извлекле голема поука од натпреварот со Австрија во Скопје и поразот од 4:1. Уверен е дека нема да ги повторат истите грешки.

„Пред се би сакал да се заблагодарам многу на селекторот, моите соиграчи и федерацијата за поддршката што ја добив додека бев во изолација. Беше тешко, но се помина во најдобар ред. Не чувствувам никакви проблеми, се е во најдобар ред, подготвен сум и физички и психички за Европското првенство. Со нетрпение го очекувам стартот на ова првенство, сите сме максимално фокусирани на првиот натпревар против Австрија, селекција која ни е многу добро позната. Тоа што го постигнавме со селекцијата до 21 година во Полска е нешто незаборавно, но овој настап и овој турнир е нешто сосема различно. Не се чувствуваме како аутсајдери, тоа го докажавме и покажавме на претходните натпревари. На ова Европско првенство ќе потврдиме колку навистина вредиме како тим. Ми претставува огромна чест што сум дел од оваа генерација која успеа да оствари историски успех, пласман на едно Европско првенство. Ќе дадам се од себе на секој натпревар, а на селекторот е да одлучи дали ќе играм од почеток. Треба да бидеме максимално концентрирани на секој натпревар и во текот на сите 90 минути”, вели Енис Барди.

Извор/ffm.mk

Share
Scroll to Top