Барела го продолжи договорот со Интер

Барела го продолжи договорот со Интер

пред 7 месеци

Фудбалерот на Интер, Николо Барела го продолжи договорот со клубот до 2029 година.

27-годишниот играч од средниот ред беше еден од клучните играчи на Симоне Инзаги во текот на минатата сезона кога Интер ја освои титулата во Италија. Одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, 37 во Серија А и постигна два гола.

Барела пристигна во Интер во 2019 година и досега со тој клуб освои две титули во италијанскиот шампионат и два национални купа.

Според италијанските медиуми, тој сега ќе заработува седум милиони евра (и дополнителни бонуси) по сезона и ќе биде најплатен Италијанец во Серија А.

Share
Scroll to Top