Баркли го расипа реми-денот во ПЛ, Астон Вила е 100-процентна

Баркли го расипа реми-денот во ПЛ, Астон Вила е 100-процентна

пред 3 години

До 90-тата минута Лестер Сити и Астон Вила имаа 0-0 на „Кинг Пауер“ и кога сите помислија дека и четвртиот денешен меч во Премиерлигата ќе заврши со нерешен исход, Рос Баркли играчот на Челси кој е на позајмица во Астон Вила реши да ги поремети сметките на „лисиците“.

По една долга акција по левата страна, топката дојде до Баркли, а овој со силен и прецизен удар од 30-тина метри го совлада Шмајхел за голема радост на својот тим.

Во комплетно израмнет меч, еден момент одлучи бодовите да патуваат на „Вила Парк“. Екипата што минатата сезона до крајот на првенството се бореше за опстанок, сега по 4 кола има 100-процентен ефект во Премиерлигата.

Share
Scroll to Top