Баркли: Пипен ги урива сите мостови

Баркли: Пипен ги урива сите мостови

пред 3 години

Чарлс Баркли, еден од најдобрите крилни центри во историјата на НБА лигата, непријатно е изненаден од критиките на Скоти Пипен кон поранешниот соиграч Мајкл Џордан.

Пипен не крие дека е лут од начинот на кој тој е претставен во документарниот филм за Мајкл Џордан, наречен „Последниот танц“.

Пипен се прашува дали Џордан би освоил шест титули доколку останел во Сиетл. На драфтот во 1987 година, Сиетл го избраа Пипен како петти пик, но веднаш потоа направија трејд со Чикаго Булс за Олден Полинајс.

„Разочаран сум од однесувањето на Скоти. Тој ги урива сите мостови. Знам дека треба да излезе неговата книга. Го напаѓа Џордан, го напаѓа Фил Џексон, ме напаѓа мене. Можам само да се насмејам, по ѓаволите, ние имаме по 60 години, нема повеќе дуели на теренот. Мислам дека ова што го прави е многу глупаво“, изјавил Баркли.

Пипен, рекол дека Џордан бил себичен кога замина од НБА во 1993 година, тренерот Фил Џексон го нарекол расист, а исто така изјавил дека „Баркли никогаш не се борел со црнците доколку во близина немало судии“.

Share
Scroll to Top