Барнли и Лестер го минаа четвртото коло во ФА купот

Барнли и Лестер го минаа четвртото коло во ФА купот

пред 3 години

Лестер се врати од рано водство на Брентфорд за 3:1 победа над второлигашот во четвртото коло на ФА купот, додека Барнли по неверојатната победа над Ливерпул на „Енфилд“ во средата, со 3:0 го совладаа Фулам во премиерлигашкиот дуел во најстариот светски куп.

Мадс Бек Соренсен ги донесе Брентфорд во водство во шестата минута од мечот, пред Лестер да се „разбуди“ во второто полувреме. Ченгиз Ундер во 46. минута израмни на 1:1, пред Јан Тилеманс од пенал во 51. минута да донесе водство за „лисиците“. Џејмс Медисон во 71. минута стави точка на натпреварот.

Барнли, пак, со двата гола на Џеј Родригез (31. и 71. од пенал) дојдоа до 0:2 водство на „Крејвен котиџ“, пред Кевин Лонг во 81. минута да стави точка на мечот.

ФА КУП, 4.КОЛО

Брентфорд – Лестер 1:3

Фулам – Барнли 0:3

Share
Scroll to Top