Барса без тренерот Куман ќе го пречека Атлетико

Барса без тренерот Куман ќе го пречека Атлетико

пред 3 години

Роналд Куман нема да може да ја предводи Барселона, во дербито на 35.коло против Атлетико Мадрид. Куман, минатиот четврток доби црвен картон против Гранада. Ла Лига му изрече суспензија од два натпревари.

Комисијата за жалби, попладнево, го одби барањето на Барселона, казната на Куман да биде намалена. Поради црвениот картон, Куман не го водеше тимот во неделата против Валенсија.

Барселона на 8.мај ќе го пречека Атлетико во еден од клучните натпревари, во борбата за шампионската титула.

На четири кола до крајот на сезоната, Атлетико има 76 поени, два повеќе од Реал и Барселона.

Share
Scroll to Top