Барселона се зацврсти на второто место на табелата во групата Б во ЕХФ Лигата на шампиони откако со 35:30 го совлада унгарскиот Веспрем во дербито на 12. коло.
Веспрем успеа да изддржи едно полувреме на тешкото гостување, одигрувајќи 13:13 по првите 30 минути, пред актуелниот европски шампион да ја покаже својата сила во второто полувреме и да стигне до убедлива победа.
Дика Мем беше најрасположен за игра со 8 гола, а по пет за Барса уфрлија Циндриќ, Н’Гесан и Гомез Абелјо, додека за Веспрем Фети Омар даде 7 гола, а Ненадиќ заврши со 6.
Кјелце по вчерашната победа над Мотор Запорожје останува лидер во групата со 18 поени, Барселона сега има 16, додека Веспрем се трети со 13 поени.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА Б
Барселона – Веспрем 35:30 (13:13)
Порто – Динамо Букурешт 20.45 ч.
Пари Сен-Жермен – Флензбург 20.45 ч.