Барса во „поход“ на двоецот на Арсенал Обамејанг-Лаказет!

Барса во „поход“ на двоецот на Арсенал Обамејанг-Лаказет!

пред 3 години

И покрај големата финансиска криза која предизвика да го пуштат Лионел Меси да замине во ПСЖ, во Барселона веќе планираат нови засилувања ова лето и тоа во двојката на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг и Александер Лаказет, тврди каталонскиот „Спорт“.

Сепак, за тие двајца да се приклучат на тимот на Роналд Куман, Барселона прво мора да го продаде Мартин Брејтвајт за значителна сума, и секој договор ќе вклучува и замена на играчи. Викендов беше објавено дека Жерард Пике се согласил за намалување на платата за Барса да може да ги регистрира Мемфис Депај и Серхио Агуеро за новата сезона.

Иако во нападот ги имаат Антоан Гризман, Депај, Ансу Фати и Усман Дембеле, во Барселона сметаат дека им е потребно значително засилување. Од друга страна Обамејанг и Лаказет изненадувачки не беа во составот на Арсенал во петокот при 2:0 поразот од Брентфорд, официјално поради „болест“.

Обамејанг има договор со Арсенал до 2023 година, додека Лаказет има само уште една година од договорот.

Share
Scroll to Top