Барса извлече реми во Франкфурт, Вест хем и Лион израмнети во Лондон

Барса извлече реми во Франкфурт, Вест хем и Лион израмнети во Лондон

пред 2 години

Барселона успеа да извлече 1:1 реми на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт во првиот меч од четврт-финалето на Лига Европа за да остане најголем фаворит за трофејот во второто по сила европско натпреварување. Вест хем, пак, со 10 играчи имаше водство против Лион, за да се задоволи со 1:1 реми, а Брага во Португалија со 1:0 беше подобра од Глазгов Ренџерс.

Младиот Ансгар Кнауф ги донесе „орлите“ во водство во 46. минута од мечот со фантастичен гол, а домаќините исто така имаа и досуден пенал, кој потоа беше „преиначен“ по прегледувањето на ВАР-снимките, но Френки де Јонг, кој само што влезе во игра во 66. минута одлично проигра со Феран Торес, кој успеа да израмни за Каталонците.

Вест хем, пак, во Лондон останаа без Арон Кресвел во финишот на првото полувреме по директниот црвен картон, но одличниот Џерод Боуен во 52. минута им донесе 1:0 водство. „Лавовите“ успеаја да израмнат во 62. минута преку поранешниот фудбалер на Тотенхем, Танги Ндомбеле.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/4 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Брага – Ренџерс 1:0

Ајнтрахт Франкфурт – Барселона 1:1

Вест хем – Лион 1:1

Претходно играа:

РБ Лајпциг – Аталанта 1:1

Share
Scroll to Top