Барса очајнички бара купувач за Кутињо, Умтити и Пјаниќ

Барса очајнички бара купувач за Кутињо, Умтити и Пјаниќ

пред 3 години

Барселона и претседателот Жоан Лапорта имаат план да ги намалат трошоците за неверојатни 200 милиони евра, и клубот прво очајнички се обидува да ги продаде Филипе Кутињо, Самуел Умтити и Миралем Пјаниќ, тврди порталот „Гол“.

Вчера Лапорта потврди дека клубот должи неверојатни 1.35 милијарди евра, што веќе предизвика заминување на шесткратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси, така што „кратењето“ е неизбежно. Бордот на Барса веќе има зацртано план за заштеда на 200 милиони евра, за што е задолжен директорот за фудбал, Матеу Алемани, а главна точка е намалување на платите кои ги исплаќа клубот.

„Нашите плати претставуваат 103 отсто од вкупниот приход на клубот. Тоа е 20-25 отсто повеќе од нашите ривали. Прво моравме да земеме долг од 80 милиони евра за да ги исплатиме платите. Претходното водство на клубот беше полно со лаги“, изјави Лапорта.

Жерард Пике и другите капитени на клубот (Серхио Бускетс, Серхи Роберто, Жорди Алба) се согласија за намалување на платите, а се очекува и откажување од сите бонуси во нивните договори.

Сепак, најлесно ќе биде да се продадат играчи, посебно тие кои не се во првиот тим. Три имиња се на врвот – Кутињо, Умтити и Пјаниќ, фудбалери кои добија огромни плати од претходниот претседател и ќе биде многу тешко да се најде купувач.

Share
Scroll to Top