Барса супериорна во Неапол, Ренџерс издржаа против Дортмунд

Барса супериорна во Неапол, Ренџерс издржаа против Дортмунд

пред 3 години

Барселона стигна до импресивна 4:2 победа на гости кај Наполи за да се пласира во осминафиналето на Лига Европа, каде што ќе биде и шкотскиот шампион Ренџерс, откако се вратија за 2:2 реми со Борусија Дортмунд по големата победа во првиот меч.

Работите веднаш тргнаа наопаку за „партенопеи“ на „Диего Армандо Марадона“, откако прво во осмата минута Жорди Алба потсигна убав гол, за само пет минути подоцна Френки де Јонг да го удвои водството.

Надеж за камбек на Наполи даде Лоренцо Инсиње со гол од пенал во 23. минута, но пред крајот на полувремето, Жерар Пике зголеми на 1:3. Пјер-Емерик Обамејанг го продолжи стартот од соништата со „Блауграна“ со уште еден гол во 59. минута. Матео Политано во 87. минута со убав гол само го намали водството на гостите.

На „Ајброкс“, Ренџерс бранеа 4:2 победа од првиот меч, и почнаа одлично кога во 22. минута Џејмс Таверниер ги донесе во водство со гол од пенал. Но, Дортмунд се закани до крајот на полувремето – во 31. минута Џуд Белингам израмни, за во 42. Донјел Мален да донесе 1:2 водство. Бидејќи веќе не важи правилото гол-на-гости, на „милионерите“ им беше доволен уште еден гол за да биде израмнето, но Таверниер во 57. минута поворно израмни.

Во осминафиналето се и Реал Бетис по 0:0 ремито против Зенит Санкт Петерсбург, откако на рускиот клуб му беше поништен гол во последните минути од мечот.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Наполи – Барселона 1:4, прв меч 1:1, вкупно 2:5

Ренџерс – Борусија Дортмунд 2:2, прв меч 4:2, вкупно 5:4

Реал Бетис – Зенит Санкт Петерсбург 0:0, прв меч 3:2, вкупно 3:2

Брага – Шериф Тираспол 2:0, прв меч 0:2, вкупно 2:2

ПРЕТХОДНО ИГРАА:

Динамо Загреб – Севилја 1:0, прв меч 1:3, вкупно 2:3

Лацио – Порто 1:2, прв меч 1:2, вкупно 2:3

Олимпијакос – Аталанта 0:3, прв меч 1:2, вкупно 1:5

Реал Сосиедад – РБ Лајпциг 1:2, прв меч 2:2, вкупно 3:4

Share
Scroll to Top