Барселона избегна да и се случи слична судбина како на Реал Мадрид во Кралскиот куп, откако по два утнати пенали во регуларните 90 минути, стигна до 2:0 победа над третолигашот Корнелја со голот на Усман Дембеле.
Во 39. минута, обидот на Миралем Пјаниќ од пенал заврши во рацете на 21-годишниот голман на малиот каталонски клуб Рамон Хуан Рамирез, за потоа во 79. минута, по едно крајно соминтелно досуден пенал, Дембеле да има комично лоша изведба и да примора мечот да се реши во продолженија.
Дембеле, на крајот, беше човек на одлука, кога во 92. минута постигна одличен гол од огромна далечина, пред Мартин Брејтвајт во 121. минута да ги постави конечните 0:2.
DEMBELE ROCKET!!!! pic.twitter.com/UK2E8cUmuX
— Messi Worldwide (@Messi_Worldwide) January 21, 2021
Martin Braithwaite goal
follow @noob_fcb for more goalspic.twitter.com/WdOcDuuCUp
— noobfcb (@noob_fcb) January 21, 2021